Сончево време со температури до 33 степени
Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак, во попладневните часови повремено ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат значително попријатни за разлика од изминатите неколку денови кога беше многу топло, и во следниот период тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени во Повардарието.
Во Скопје и околината температурата во следниот период ќе се искачува до околу 32/33 степени