Сообраќајка го отежна пристапот до скопскиот Аеродром, сообраќајот се пренасочува
Поради сообраќајна незгода, од 06:06 часот утринава е во прекин сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај клучката „Меѓународен аеродром Скопје“, на исклучокот од Скопје кон аеродромот.

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека сообраќајот се пренасочува преку клучката Рафинерија.






