Сообраќајка кај Карпалак: Товарно возило излетало од патот, возачот тешко повреден

Педесет и седумгодишник од Гостивар е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случила вчера околу пладне на автопатот Скопје-Тетово кај местото Карпалак.

На 23.03.2024 околу 12.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај место викано „Карпалак“, товарно возило „фолксваген кеди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(57) од Гостивар, излетало од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клинички центар Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово“ – информираа од МВР.

Back to top button
Close