Сообраќајка на обиколницата кај Скопје: Еден велосипедист загина, друг заврши на Ургентен

Во велосипедистите удрило возило, при што едниот загинал на самото место, а другиот со повреди е пренесен во болница

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на обиколницата кај Скопје во која има една жртва, говорат првичните неофицијални информации.

Сообраќајката се случила околу 16 часот, после клучната Радишани во правен кон Тетово. Возило „мазда“ со скопски регистрации удрило во двајца велосипедисти од кои едниот загинал на самото место, додека другиот се здобил со повреди и со возило на Брза помош е пренесен во Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза.

Полициски екипи сè уште вршат увид на местото на несреќата, по што се очекуваат и официјални детали од МВР

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close