Сообраќајка на патот Струмица-Радовиш, тројца повредени

Вечерва околу 18 часот на патот Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Градошорци, се случила сообраќајна несреќа во која полесно се повредиле три лица, објави МИА.

Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале три возила, од кои едното е превртено.

На местото на сообраќајката увид извршила полицијата.

За тоа време, собраќајот се насочувал по стариот пат на делницата меѓу селата Василево и Градошорци

Back to top button
Close