Сообраќајка на патот Тетово-Гостивар: Повредени се 7 лица

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека сообраќајката се случила во близина на Пирочкиот мост, а во неа учествувале: теренско возило со тетовски регистарски ознаки управуван од 41- годишниот гостиварец А.К. и возило „ауди” со тетовски ознаки, што го управувал Х.М.(42) од Гостивар.

Околу пладне на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна незгода во која повредени се вкупно 7 лица.

Како што извести портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, сообраќајката се случила во близина на Пирочкиот мост, а во неа учествувале: теренско возило со тетовски регистарски ознаки управуван од 41- годишниот гостиварец А.К. и возило „ауди” со тетовски ознаки, што го управувал Х.М.(42) од Гостивар.

-Во несреќата, возачот на „аудито” и шест сопатници од истото возило се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош – информираше Јосифоски.

На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Тетово

Back to top button
Close