Сообраќајка на патот Велес–Штип

Според првичните информации, мажот управувал автомобил „Шкода Фабија“ кога, од засега непознати причини, излетал од коловозот. Од здобиените повреди починал на местото на несреќата.
По наредба на надлежните органи, телото на починатиот е предадено на обдукција.
На местото на несреќата е извршен увид, а надлежните институции работат на утврдување на причините и околностите под кои дошло до трагичниот настан.
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на патот Велес–Штип, во близина на клучката за селото Дорфулија, во општина Лозово, при што животот го загуби 46-годишен жител на Куманово.
Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата.






