Сообраќајка помеѓу тротинет и велосипед на Бихаќка пред МВР
Велосипедист е повреден рано изутрината околу 01.00 часот по полноќ откако во него удрил тротинет.
Необичната сообраќајна незгода се случила на ул.Бихаќка непосредно до влезот на Министерството за внатрешни работи.
Од сообраќајката со телесни повреди во болница е пренесен велосипедистот, додека возачот на тротинетот избегал од местото на настанот.
Претходно токму министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се пожали дека и тој ќе бил прегазен од деца кои управувале со тротинет