Сообраќајка пред поликлиника „Пролет“, срушил семафор, искршил жардиниера
Срушен семафор, искршена жардинеира, тешко оштетено возило се последиците од тешката сообраќајна незгода што се случила утрово во Скопје. Според сознанијата, сообраќајка се случила рано утрово додека возилото се движело по булеварот „трета макеоднска бригада“ од правецот на населбата Лисиче кон крстосницата кај Тутунски комбинат. Но, од се уште непознати причини возачот ја загубил конролата врз возилото по што удрил во столбот со семафорот и по што се качил на жардинерата.
Засега нема информации од МВР дали има евентуални жртви. Повеќе детали во текот на денот.