Сообраќајка во Кисела Вода: Повреден мотоциклист

Вечерва на улицата „Народни херои“ во Кисела Вода се случи сообраќајна несреќа во која учествуваше мотоциклист и автомобил.

Според информации на Пресс24, мотоциклистот се здобил со полесни повреди, но сепак е хоспитализиран за да му биде укажана потребната медицинска помош.

Полициските службеници се на местото на настанот и го обезбедуваат просторот, додека се чека увидна екипа која ќе изврши увид.

Back to top button
Close