Сообраќајка во Штип: удрени две жени
Вчера, на 20 декември, во 19.15 часот била пријавена сообраќајка во Полициска станица Пробиштип. Патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки удрило во две пробиштипјанки, Р.В. (62) и Л.А. (65) кои се здобиле со тешки телесни повреди. Жените моментално се наоѓаат во Клиничка болница Штип. Управител на возилото е З.М. (48) од пробиштипското село Стрмош, а настанот се случил на ул. „Јаким Стојковски“.