Сообраќајка во скопска Железара – блокирана е главната улица во населбата
Сообраќајна несреќа попладнево се случи на улицата „Коце Металец“ во скопската населба Железара.
Според фотографиите испратени до редакцијата на „360 Степени“, во сообраќајката учествувале два возила.
Сообраќајка на улицата „Коце Металец“ во скопска Железара
Веќе еден час е блокиран сообраќајот на главната улица во населбата.
Во сообраќајката нема повредени.
Сообраќајка на улицата „Коце Металец“ во скопска Железара
Според очевидци на несреќата, едното од возилата што учествувале во сообраќајката претекнувало други возила, спротивно на сообраќајните прописи.
Сообраќајка на улицата „Коце Металец“ во скопска Железара
Засега нема информации од полицијата како била предизвикана несреќата.