Сообраќајна несреќа на стариот пат Скопје – Тетово, автомобил излета од патот и се преврти!
Сообраќајна несреќа се случи денес на стариот пат што ги поврзува Скопје со Тетово, поточно во близина на раскрсницата што води кон селото Копаница, објави 4news.mk

Според сликата од терен, црвен автомобил марка „Шевролет“ изгубил контрола, излетал од патот и се превртел.
Како што може да се види, возилото претрпело значителна материјална штета, додека ударот бил толку силен што дури и ја оштетил сигналната бандера.
Патот на оваа оска е познат по своите кривини и во влажни услови, како што може да се види од асфалтот на фотографијата, ризикот од лизгање е голем.
…






