Сообраќајна несреќа во Грција, загина државјанин од Македонија

Седумдесет и седумгодишен маж од Северна Македонија загина во сообраќајна несреќа во Грција, објавија грчките медиуми утрово.

Несреќата се случила неколку минути по 14:00 часот на автопатот Егнација, на вертикалната оска Сјатиста – Кристалопиги, која се протега од Кожани до Костур, кога возило управувано од 49-годишен Грк се судрило со возило од спротивната насока во кое патувале 77-годишен маж и 70-годишна жена од Северна Македонија.

77-годишниот маж починал на самото место, додека сопатникoт се здобил со полесни повреди.

Според полицијата, 49-годишникот е приведен, додека е отворена истрага за инцидентот

Back to top button
Close