Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци, на 10 км пред Миладиновци, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри поради свлечиште и голем одрон. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Back to top button
Close