Сообраќајот во зимски услови, на Ѓавато магла со видливост од 200 метри

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на јавното претпријатие „Македонија пат“.

Оттаму информираат дека на планинскиот премин Ѓавато има магла со видливост од 200 метри.

Сите патни правци во државата се проодни без забрани и ограничување. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализацијаи прилагодување на брзината кон условите на патот.

Back to top button
Close