Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози, на граничните премини нема подолги задржувања

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close