Соочување со реалноста по изборите

Дали главните играчи на политичката сцена, победници и поразени, ќе ги препознаат државните интереси, или и во оваа драматична ситуација ќе преовладеат теснопартиските мотиви за преземање на власта. Пишува Ерол Ризаов.

Што побрзо соочување со реалноста и на поразените и на победниците по локалните избори и по оставките на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев е единствениот точен патоказ кон излез од политичката криза. Дали главните играчи на политичката сцена, победници и поразени, ќе ги препознаат државните интереси, или и во оваа драматична ситуација ќе преовладеат теснопартиските мотиви за преземање и на парламентарната власт на јуриш, само една година ипол по парламентарните избори. Тоа е суштинското прашање од чиј одговор зависи дали Македонија ќе тргне кон ветените промени, или кон нова неизвесност која неминовно

Дали главните играчи на политичката сцена, победници и поразени, ќе ги препознаат државните интереси, или и во оваа драматична ситуација ќе преовладеат теснопартиските мотиви за преземање на власта. Пишува Ерол Ризаов.

Што побрзо соочување со реалноста и на поразените и на победниците по локалните избори и по оставките на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев е единствениот точен патоказ кон излез од политичката криза. Дали главните играчи на политичката сцена, победници и поразени, ќе ги препознаат државните интереси, или и во оваа драматична ситуација ќе преовладеат теснопартиските мотиви за преземање и на парламентарната власт на јуриш, само една година ипол по парламентарните избори. Тоа е суштинското прашање од чиј одговор зависи дали Македонија ќе тргне кон ветените промени, или кон нова неизвесност која неминовно води кон уште подлабока криза.

Додека траат разните сценарија и стотици комбинации на генералите по битките и ламентациите кој колку бил паметен и колку погодил што ќе се случува, дали Заев требал или не требал, избрзал или не избрзал, дали е тоа единствено добро решение или голема грешка, да поднесе  оставка, дали власта е делегитимирана или не, многу интересни за читање и слушање, но во суштина сега по завршените избори и поднесената оставка се јалови приказни и ја замаглуваат реалноста, а таа е дали имавме локални, или парламентарни избори и дали по локалните треба веднаш и кога да се оди на предвремени, или редовни парламентарни избори?

Моралните пропусти ја раѓаат политичката вина

Политичките науки и филозофијата, бројните искуства одамна имаат дадено прецизен одговор на прашањето за вината и за поразите: „ моралните пропусти ја чинат основата од која се раѓа политичката вина. Повеќето, дури и најситни грешки, конформистичкото прилагодување, евтиното оправдување и неприметното поддржување на неправдата придонесуваат кон создавање јавна атмосфера која оневозможува јасно гледање на работите.

Сето тоа предизвикува последици кои заедно прават предуслови за политичка вина за вкупните состојби и настани. Кога во еден момент, ќе се акумулираат тие состојби и ќе станат јасни,  поразот е неминовен во демократски системи, а прашањето на вината станува предмет на анализи и разни манипулации до моментот на поднесување на одговорноста. Тоа Заев го направи, останува на раководството на СДСМ и на коалиционите партнери да го одредат точно својот конформизам и придонес за катастрофалниот пораз и да ги извлечат потребните поуки.

 

 

Back to top button
Close