ДУИ: Разрешувањето на Зибери, одмазда кон првиот Премиер Албанец

Сooпштение на ДУИ:

Демократската Унија за Интеграција остро го осудува постапувањето пресметано врз дневнa политичка цел, освета и во функција на Парламентарните избори, на министерот за Здравство Венко Филипче против директорот на Институтот за Јавно Здравје во Скопје Арбен Зибери.

Ова политичко постапување на Филипче директно го загрозува здравјето на граѓаните и главната институција во борбата против CoVid-19 и загрозува илјадници граѓани.

Кандидатурата на Насер Зибери за прв Премиер Албанец им го замагли видот и умот на политичките опоненти кои не бираат средства за борба против еден Албанец на чело на институциите и на Владата, и по цена на загрозување на јавното здравје на граѓаните.

Овој недоличен, брутален и популистички акт со елементи на етничко влијание и политичка одмазда е порака за сите Албанци, за целата Албанска дијаспора и сите други граѓани.

Ова постапување е неприфатливо бидејќи е мотивирано против семејството на Албанскиот кандидат за Премиер, затоа казната за овие антиалбански постапки ќе се даде на 15 јули од граѓаните на ова земја.

Back to top button
Close