Соопштение на КСС за примена на мерките и протоколите за заштита од Ковид – 19
„Примена на мерките и протоколите во ек на пандемија за заштита од Ковид – 19“ беше насловот на денешниот вебинар кој се одржа во живо преку интернет платформата „ZOOM“, на кој учествуваа повеќе од 60 учесници, меѓу кои синдикални претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, здравствени работници и просветни работници.
Предавачи на овој семинар беа стручни лица од областа за безбедност и здравје при работа, но во целиот вебинар активно учествуваа и останатите учесници.
Главната цел на оваа обука беше грижата и обуката на членовите на синдикатите за тоа како успешно да се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот преку разгледување на Уредбите, одлуките, протоколите и мерките на Владата од 10.03.2020 год., па се до денес, поврзани со Безбедност и здравје при работа.
Овој семинар е во организација на КСС во соработка со МЗЗПР а истиот беше овозможен од „Зајакнување на социјалниот дијалог“, проект што го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.