СДСМ: Oдземањето на дозволата за работа на „Еуростандард банка“ е согласно Законот за банки и за заштита на интересите на граѓаните

Скопје, 13 август 2020

Банкарскиот систем е стабилен, одземањето на дозволата за работа на „Еуростандард банка“ е согласно Законот за банки и за заштита на интересите на граѓаните.

Како што вчера јавно соопшти Народната банка, одземањето на дозволата за работа на „Еуростандард банка“ се должи на  неисполнување на минималните законски услови за работење на банка, согласно Законот за банки.

Имајќи предвид дека учеството на „Еуростандард банка“ во вкупната актива е само 1,3 отсто, депозити 1,7 отсто и кредити на банкарскиот систем  1,6 отсто, oва во никој случај не ја загрозува стабилноста на банкарскиот систем.

Граѓаните можат да бидат спокојни, банкарскиот систем е стабилен и ликвиден. Спокојни треба да бидат и лицата депоненти во банката, бидејќи нивните депозити согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити се осигурени и ќе бидат обесштетени од Фондот за осигурување на депозити во износ до 30.000 евра по лице во денарска противвредност.

На овој начин, ќе бидат обесштетени 99,4 отсто од депонентите во банката во законските рокови.Според официјалните информации од Народната банка, причина за несолвентноста на „Еуростандард Банка“ се проблеми од минатото, а не тековни проблеми. Со тоа паѓаат во вода лагите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под нивна контрола, дека одземањето на дозволата на „Еуростандард Банка “ е поради наводни проблеми со актуелната економска состојба. Дополнително сите клиенти на банката како приматели на пензија, социјална помош или друг основ на исплати ни под еден усков не се загрозени. Ширењето на паника таму каде што не е потребно е одлика на ВМРО ДПМНЕ. Оваа категорија на клиенти секако добиваат исплати по основ стекнат од државата и секако тој не е загрозен и ликвидноста на буџетот гарантира дека тие и понатаму ќе продолжат да ги добиват средствата.

Република Северна Македонија има професионални и одговорни институции кои работат согласно законите и единствено во интерес на граѓаните и државата.

Според законот на Народна банка, таа е независна институција при постигнувањето нацелите и задачите.  Народна банка, членовите на Советот на Народна банка и вработените во Народна банка не смеат да примаат ида бараат инструкции од органите на државната власт, органите на општините,органите на градот Скопје и од кои било други правни и/или физички лица.

ВМРО – ДПМНЕ да сопре со создавањето на лажни вести и паника кај граѓаните и да дозволи институциите да ја работат работата за која што се надлежни. Имаме одговорни и стабилни институции кои соодветно спроведуваат постапки за заштита на правата и интересите на државата и на граѓаните.

 

 

Back to top button
Close