ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Владата предводена од СДСМ не знаат како да се справат со последиците од корона кризата
Наместо посветеност на проблемите на граѓаните, функционерите на СДСМ се посветени на тоа каде на набават кокаин или кога да си купат имоти и апартмани вредни стотици илјади евра.
Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ и по шест месеци откако се појави корона вирусот немаат стратегија како да се справат со КОВИД19 и последиците кои произлегоа од оваа криза.
Заев и СДСМ не обезбедуваат никаква заштита на здравјето на граѓаните, ниту нудат некаква сигурност или излез од ситуацијата.
Бројката на заболени е повеќе од 11 илјади или скоро шест пати поголема од прогнозите на министерот за здравство Венко Филипче. Бројот на починати лица надмина 500. И покрај ова надлежните ниту знаат што се случува сега, ниту пак што следи на есен. тешко се снаоѓаат и со кластерите.
Заев и Владата предводена од СДСМ не знаат како да се справат со последиците од корона кризата.
За помалку од 30 дена стартува учебната година и се нема план за образованиот процес.
Заев и Владата предводена од СДСМ знаат само едно – како да се нанесе штета на граѓаните и државата.
Заев и Владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само три месеци. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително на тоа Владата продолжува со ново задолжување.
Поради лошите политики, ситуацијата оди на полошо бидејќи ниту Владата, ниту СДСМ немаат план и стратегија за справување со кризата.
Потребни се обмислени чекори за да се стабилизира ситуацијата, а не функционери кои мислат каде да набават кокаин или како да ги извлечат своите пари од банките.