Сопругата на диџеј Ицко: Празнината секогаш ќе боли, но среќни сме затоа што беше дел од нашиот живот.

Наташа Меловска, сопругата на диџеј Ицко – Ристо Меловски, кој синоќа ја изгуби битката со коронавирусот на Инфективната клиника преку Фејсбук се прости од него.

– Немам зборови, нема утеха за твојата загуба. Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со голем Д за сите. Празнината секогаш ќе боли, но среќни сме затоа што беше дел од нашиот живот. Те сакам и секогаш ќе те сакам душичке моја, љубов моја.Ти благодарам за секој прекрасен момент, за тоа што секогаш знаеше да ме насмееш и орасположиш. Тешко е но морам да продолжам понатаму заради тебе, бидејќи ти беше човек кој секогаш одеше напред, морам и заради нашите деца, бидејќи ти веруваше во мене. Ќе излеземе на прав пат не се секирај и не се соменвај, бидејќи ти секогаш ќе внимаваш на нас, знам. Нека ти е светол патот кон вечноста, напиша Наташа.

Ристо Меловски, на јавноста ѝ беше познат како диџеј Ицко од „Антена 5 Македонија“ .Тој беше сопруг и татко на две деца.

Диџеј Ицко на клупската сцена во земјава опстојува повеќе од 15 години и тој е синоним за електронската и прогресивна музика во земјава. Тој десетина години беше дел тимот на радиото Антена 5.

Back to top button
Close