Сопругата на премиерот Ковачевски, Елена, во Њујорк беше на прием со Емине Ердоган, првата дама на Турција


Сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, Елена, во Њујорк присуствуваше на прием организиран од првата дама на Турција Емине Ердоган во рамките на промоција на иницијативата “Нула отпад”, соопштија од Кабинетот на премиерот.

Сопругата на премиерот, која го придружува на Генералното собрание на Обединетите нации, за првпат протоколарно се појавува во јавноста. Елена Ковачевска во оваа пригода носеше фустан-креација на македонската дизајнерка Тања Кокев.

Фотографии од приемот се споделени и на инстаграм-профилот на Емине Ердоган, која повеќе години ја застапува иницијативата. „Нула отпад“ цели да ја подигне свеста за потребата од целосно елиминирање на отпадот и заштита на животната средина со цел да се остави чист свет за идните генерации.

На приемот се и сопругите на лидерите на Латвија, Јужна Кореја, Естонија, Литванија и Франција.

Back to top button
Close