Сопругите на советник на Мицкоски и на претседателот на Уставен унапредени во Апелација

Сопругата на Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд , Цветанка Сиљаноска Костадиновска, од граѓанскиот суд Скопје , денеска беше избрана за апелациски судија.
Аргументите на Судскиот совет беа дека се работи за долгогодишен судија, доктор на науки , со неколку напишани трудови .
Костадиновски во изјава за ТВ 24 рекол дека воопшто не влијаел на изборот на неговата сопруга која 25 години е судијка во Граѓанскиот суд и дека за изборот биле заслужни нејзините професионалност, стручност и интегритет.
„Спротивно на моите принципи е влијание врз било кого. Напротив, јас сум голем гласноговорник против било какви влијанија врз било кого. Мојата сопруга во Основниот граѓански суд работи 25 години од кои осум години како стручен соработник, а 17 години како судија.
Таа е доктор на правни науки од областа на граѓанското право и автор на бројни научни трудови вклучително и на коментарот на законот за семејството. За нејзината стручност, квалификации и интегритет јас нема да коментирам, неблагодарно е, но за нив доволно говорат угледот, почитта и интегритетот кој го ужива помеѓу колегите во Основниот суд, како и рангирањето по конкурсот. Мојата сопруга е со сопствен личен интегритет и апсолутно сметам дека нема никаква не етичност во нејзимиот избор кој се темели на непобитни факти. Секој има право да напредува во кариерата се додека тоа се темели на мерит и заслуги“,изјавил Костадиновски за ТВ 24.
Аргументите на судскиот совет за нејзиниот избор беа дека е прва на ранг листата и дека се работи за квалитетен судија .