Сопственикот на „Беса-Транс“ не е достапен за вонредна инспекција

-Управителот на компанијата не е достапен, ние пробавме да извршиме вонреден инспекциски надзор но не успеавме. Службените канцеларии на Беса Транс беа затворени, не беше никој тука и сега доставивме известување, вели Руфат Хусеини.

В.д директорката на Царинската управа Славица Кутиров вели дека се потребни итни реакции за целосно расчистување на случајот но и дека не постои раководител кој нема да сноси одговорност за овој случај.

-Ова бара итни,брзи, ефикасни реакции и како што реков и на почетокот дека оваа дебата треба да биде во тој придонес. Јас лично немам никаков проблем ако тоа на било каков начин придонесе во расчистување и подобрување на овие состојби да поднесам оставка , вели Славица Кутиров.

Бугарските истражители излегоа со неколку верзии за тоа која е точната причина за несреќата. Според нив, се разгледуваат неколку опции, односно техничката исправност на автобусот, лошата патна сигнализација но како верзија не се исклучува и грешка на возачот.

извор:  Канал 5

Back to top button
Close