Сопственикот на над 500-тини крави и неговите ќерки ќе одат во осумдневен притвор поради можност за повторување на делото
Сопственикот на над 500-тини крави и неговите ќерки ќе одат во осумдневен притвор дознава Телма. Претходно обвинителството соопшти дека ОЈ Крива Паланка ќе поведе постапка против три лица за кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Осомничените на втори декември, со сила и сериозна заканa спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство со полициска асистенција да постапат по правосилно и извршно решение за спроведување мерки за одземање домашни животни – крупен добиток.
Јавниот обвинител ја зел в предвид опасноста од бегство, но и можноста за повторување на делото, па до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за сите осомничени.Ѓорѓиевска претходно за Телма тврдеше дека никој од АХВ не ги контактирал пред одземањето, ниту им бил покажан документ по кој постапуваат. Таа побара од институциите итна, независна и транспарентна истрага за употребата на сила врз нив, за сурово постапување со животните, за можни прикриени докази и за заштита на нивните човекови права.






