Сопственикот на отпадот во Визбегово му го фрлил во оган телефонот на новинарот на „Алсат“

Сопственикот на отворената депонија во Визбегово, на која на 9 јули гореа автоделови и хаварисани возила и го загади воздухот во цело Скопје, му го одзел насилно мобилниот телефон на новинарот известувач на телевизијата „Алсат“ и го фрлил во огнот, затоа што претходно новинарот снимил како газдата, Александар Николчев, физички го напаѓа.

Според информациите кои ги објави „Алсат“, Николчев, откако бил снимен како физички го напаѓа новинарот Авни Тахири, насилно му го одзел телефонот и го фрлил во огнот, за да го уништи доказниот материјал. Заедно со него, во нападот учествувала и раководителката на компанијата, Маја Каранакова.

Од „Алсат“ побараа институциите итно да постапат и да обезбедат безбедност за новинарите кои известуваат од терен, посебно во услови кога се откриваат сериозни еколошки и безбедносни закани.

Back to top button
Close