Сореца: За Албанија дополнителни 10 милиони евра за справување со Ковид-19
– Амбасадорот на Еропската унија во Тирана, Луиџи Сореца денеска најави дека за Албанија ќе има допоплнителни 10 милиони евра помош за справување со пандемијата со Ковид-19.
-Бидејќи се очекува пандемијата да продолжи уште некое време, ЕУ ќе и помогне на Албанија со дополнителни 10 милиони евра за основна опрема за борба против Ковид-19, рече Сореца.
Во присуство на министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу тој предаде донација која се состои од 20 статични респиратори, додека следната недела ќе донира уште 30 мобилни респиратори за пациенти заразени со опасниот вирус.
Ова е петта по ред помош за Албанија од ЕУ за време на пандемијата, при што најголема беше онаа во вредност од 50 милиони евра на нејзиниот почеток, од кои четири милиони беа за медицинска апарати, 11 за социјална заштита и 35 милиони за закрепнување на економијата.
-Задоволство ми е што продолжуваме со помош. Денеска донесеме 20 статични респиратори кои ќе помогнат во интензивната терапија. Донесовме и многу други додатоци, следната недела ќе донесеме уште 30 мобилни респиратори. Стратегијата на ЕУ е двојна стратегија, да асистира со медицински материјали за да им се помогне на пациентите со Ковид-19, но исто така и заштитни материјали за лекари, медицински сестри и граничната полиција, рече Сореца.
Тој упати благодарност и признание за медицинскиот персонал, кој, како што рече е на првата линија на фронтот, за нивната неуморна и посветена ангажираност, но и на епидемилозите и сите вработени во Институтот за јавно здравје, за што, рече „во име на ЕУ сме многу горди на она што го сторивте“.
Министерката Манастирлиу се заблагодари за континуираната, многу значајна помош што ЕУ ја дава за Албанија.
-Денеска точно шест месеци од појавата на пандемијата. Уште од самиот почеток здравствениот систем добро се справи и секогаш маскимално беше ангажиран да се спаси секој човечки живот. Но, има уште многу да се стори во болниците и капцитетите во здравствениот систем, рече таа.
Додаде дека во периодот есен-зима здравствениот систем ќе се соочи со многу предизвици во справувањето со Ковид-19, за што веќе е подготвена стратегија.