Сорека : Патот на Албанија и Северна Македонија ке биде заеднички во ЕУ

Еден ден пред утрешната седница на министрите за надворешни работи на ЕУ , амбасадорот на ЕУ во Тирана Луиги Сорека во интрервју за ,, Euronews Albania,, изјави дека за прв пат сите се за Албанија,но другата прилика треба да се очекува во октоври оваа година .

Тој придоа додава дека ,,Разделувањето на патот на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ, не треба да е опција , бидејки двете држави ги имаат исполнето сите услови кои беа поставени од страна на Советот во март  минатата година,,.

Тој додава дека има една цел на земјите на ЕУ а тоа е двете држави да одат напред бидејки регионалната димензија е многу значајна

.,, Некои членки и понатаму дискутираат за Северна Македонија ,така што можеби има потреба за уште малку време ,, вели Сорека и додава дека верувам дека цел е двете држави во овој момент да бидат заедно , бидејки проширувањето се базира и врза основа на заслуги . Многу е битно да не се  обесхрабрат  тие кои имаат работено , бидејки заслужуваат ЕУ да им даде тоа што го заслужуваат ,, вели  амбасадорот на ЕУ во Албанија Сорека за ,,Euronews Albania,,.

Во интервјуто амбасадорот на ЕУ подвлекува дека битно е да се извршат сите домашни задачи а тоа е дека двете држави ги имаат реализирано задачите и утре нема да има нивна поделба , вели Сорека и подвлекува дека под раководство на Словенија  на почетокот на октомври ке има еден значаен Самит за Западен Балкан .

К. МИМИДИНОСКИ

Back to top button
Close