Совет на НБ: Нерелевантни и неточни оценките и мислењата од нарачаниот извештај од Трифун Костовски

Народната банка ги оквалификува како нерелевантни и неточни оценките и мислењата, што беа изнесени денеска на презентацијата на Извештајот од истрагата за стечајот во „Еуростандард банка”, подготвен на барање на најголемиот акционер во оваа банка Трифун Костовски.

– Во однос на приватно нарачаниот извештај од поранешниот акционер, а воедно и долгогодишен претседател на Надзорниот одбор на „Еуростандард банка”, над којашто поради несолвентност во август 2020 година беше отворена стечајна постапка, изразуваме  сериозна загриженост за леснотијата со која од различни поединци се изнесуваат неточни информации поврзани со банкарскиот систем и Народната банка. Ваквото неодговорно однесување поттикнато од лични интереси и приватни побуди, може да внесе немир и непотребно и неосновано да предизвика штета на финансиските институции во земјата, а со тоа и на економските субјекти и граѓаните. За Народната банка, оценките и мислењата, особено во делот на состојбите во банкарскиот и финансискиот систем на нашата земја и начинот на работата на Народната Банка, искажани од страна на нарачателот на овој извештај, како и лицата кои се најмени од негова страна за да го изработат и промовираат во јавноста, се нерелевантни и неточни, наведува Советот на НБ во реакција на прес-конференцијата по повод, како што велат, нарачаниот извештај од страна на Трифун Костовски.

Народната банка, стои во реакцијата, е професионална и независна институција, којашто при одлучувањето ги применува највисоките меѓународни стандарди и практики, што е потврдено и со оценките на меѓународните финансиски организации и кредитни агенции. Последна во низата вакви оценки е одлуката на Европската комисија на крајот од минатата година дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е според  стандардите на Европската Унија, со што Европската Комисија ја вклучи нашата земја на листата на само 26 земји во светот кои ги спроведуваат овие стандарди. Согласно со овие стандарди, Народната банка на редовна основа врши супервизија на работењето на банките и штедилниците и ја оценува нивната сигурност, стабилност, како и усогласеноста на работењето со Законот за банките и со други прописи кои го регулираат банкарското работење. Во рамки на своите надлежности презема соодветни мерки во насока на задржување на стабилноста на банкарскиот систем.

– Доколку со супервизорска контрола се констатира сомнеж или индиции за други дела во банка, Народната банка којашто е супервизорски, а не истражен орган, ги известува и соработува со надлежните истражни органи. И во случајот поврзан со „Кубус”, кој се однесува за период од 2004 до 2011 година, на којшто всушност се темелат и најголем дел од наводите, Народната банка оствари соработка со надлежните институции, при што ги достави сите расположливи информации, посочуваат од НБ.

Во однос на работењето на Еуростандард банка, како што дополнуваат, Народната банка вршејќи ја својата надлежност како супервизорски орган, утврди значајни слабости и пропусти во работењето. Започнувајќи од 2013 година па се до 2020 година, Народната банка во врска со констатираното, на „Еуростандард Банка” АД Скопје и изрече вкупно 30 правни акти, во кои беа содржани околу 120 различни мерки за подобрување на состојбата на банката. Народната банка нема да дозволи ниту една банка да продолжи да работи без исполнување на минималните законски услови, со што ја штити стабилноста на целиот банкарски и финансиски систем.

Оттука, наведува НБ, во услови на непостапување по дадените мерки, а имајќи ја предвид стапката на адекватност на капиталот и состојбата во Банката, Народната банка согласно Законот за банките ја одзеде дозволата за работа на банката. Воедно, по констатираните состојби, Народната банка до Јавното обвинителство на натамошно надлежно постапување, поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка” АД Скопје поради сомнение дека сториле кривично дело Предизвикување стечај на банка. Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложи и преземање мерки коишто беа во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите.

Советот на НБ истакнува дека професионалноста и независноста на Народната банка придонесува за континуирана стабилност и здравост на банкарскиот систем, вклучително и во пандемискиот период. Потврда за добрата поставеност и функционирањето на банкарскиот сектор се повеќето извештаи на најрелевантни институции, како на пример последниот извештај на кредитната агенција S&P, каде се наведува дека банкарскиот систем е добро капитализиран и стабилен, како и дека е потпора на стопанството за надминување на предизвиците кои ги донесе пандемијата. Народната банка останува посветена на примената на највисоките меѓународни барања и стандарди во вршењето на банкарската супервизија и будно ги следиме движењата во банкарскиот систем, при што во рамки на вршењето на својата функција соработуваме со надлежните државни институции, се наведува во реакцијата.

На презентацијата на Извештајот подготвен на барање на Костовски од експерти предводени од Драго Кос, меѓународен експерт за борба против корупција и организиран криминал, беше речено дека од 2004 година во  државава постои добро воспоставена шема преку која неколку комерцијални банки систематски ги прекршувале важечките регулативи во областа на банкарството, со цел да можат, покрај законски дозволеното кредитирање, да вршат и законски забрането кредитирање, претежно за субјекти не се подобни за добивање банкарски кредити.

Според Костовски  „Еуростандард банка” била однесена во стечај со умисла, а без негово и знаење на акционерите банката била вклучена во незаконските шеми, а Народната банка не ги искористила сите алатки што ги има на располагање.

Една од констатациите во извештајот е дека Народната банка одбивала да го препознае и спречи постоењето на шемата во текот на периодот од 2004 година до денес и покрај тоа што имала сознанија за сите нејзини компоненти. Кога „Еуростандард банка” се соочила со сериозни проблеми, НБРСМ формално го навела несоодветното управување со кредитното портфолио и поврзаните ризици како причина за лошата состојба на банката, но не пристапила кон справува

Back to top button
Close