Совети „за долга и среќна врска“ што не се соодветни во секоја ситуација

Врската (или бракот, сеедно) не е секогаш лесна. Во периоди кога се соочувате со проблеми, многу луѓе ќе Ви понудат совет за тоа како нештата да се поправат. Повеќето совети веројатно се искрени и добронамерни, но некои од нив може да бидат штетни, пишува порталот „Кликс“.

Следат три совети „за долготрајна среќа“, коишто не се соодветни во секој поединечен случај.

Секој заеднички миг мора да биде посебен“

Советот дека секој момент со Вашиот партнер мора да биде исполнет со нешто спектакуларно, како вечера со свеќи или викенд-забави – може да создаде непотребен притисок. Иако посебните мигови се навистина важни, секојдневните активности, исто така, имаат своја вредност. Заедничкото чистење на куќата, шетањето со домашно милениче или, просто – разговор може да биде исто толку скапоцено како и луксузните патувања. Заборавете на перфекционизмот и уживајте во едноставните работи што зближуваат.

 

„Во ред е ако нема секс“

Иако повремените периоди без секс не мора да значат дека има проблеми ако недостатокот на интимност трае – тоа може да биде знак за подлабоки несогласувања.

Доколку релацијата започнала како сексуална, сексот е важен дел од заедничкиот живот, оти ги поврзува партнерите на емоционално и физичко ниво. Ако сексуален живот веќе и „не постои“, тоа значи дека мора отворено да разговарате меѓу себе и да ја разјасните причината за проблемот. Игнорирањето на овие проблеми може да доведе само до емоционално оддалечување и дополнителни несогласувања.

 

Родителството ќе ги реши сите проблеми“

Ова е еден од најчестите совети коишто паровите ги добиваат кога минуваат низ сериозни турбуленции во односите. Многумина веруваат дека детето како нов член на семејството може да ги подобри односите и да ги реши брачните проблеми. Но, ова е заблуда. Детето донесува среќа, но создава и дополнителен стрес и одговорности што може и да ги влошат постојните несогласувања.

Ако не поработите на Вашата врска пред да станете родители, проблемите сè уште ќе постојат, па дури може да се соочите и со нови предизвици. Значи, советот тука гласи: Прво посветете ѝ се на врска и проблемите, па дури потоа остварете проширување на семејството.

Секоја емотивна релација бара континуирана работа на него, и комуникација. Треба да се има на ум дека советите што ги добиваме од другите можеби не се секогаш корисни и може да нѐ одведат во погрешна насока. Најважно е да бидете искрени еден со друг и да работите на врската, наместо да се потпирате на совети што можеби нема да го решат вистинскиот проблем.

Back to top button
Close