Совети за справување со нервозно и гневно дете кое удира луѓе

Како што детето расте, вообичаено е да почне да фрла или удира играчки, а понекогаш ги удира и родителите и другите членови на семејството. Стручњаците посочуваат неколку совети за однесувањето на родителот во такви случаи.

Ова е нормална фаза во развојот, бидејќи детето сè уште не знае како да изрази фрустрација на други начини. Но, важно е родителите да му покажат дека удирањето и фрлањето работи е неприфатливо. Ако оваа појава се игнорира, со текот на времето може да се појават сериозни проблеми во однесувањето на личноста во развој, според терапевтката Шенон Бушар.

 

– Не е толку тешко да се научи детето дека удирањето е погрешно. Клучот е – да се каже тоа… Нашата прва реакција е да кажеме: „Не, немој да го правиш тоа“ или „Не ме удирај“… Тоа, сепак, не оди така. Децата под две години ги разбираат само последните зборови што им ги кажуваме – не ја разбираат целата реченица. Ако на пр., им кажете: „Не удирај“, тие слушаат „Удирај“. Ако кажете „Не фрлај“, тие слушаат – „Фрлај“. На крајот од реченицата, треба да им дадете јасни упатства за тоа што може, а што не може да прават, појасни Бушар.

Taa истакна дека на детето му треба специфична команда што ќе може да ја разбере и да ја повтори.

– Треба да им понудите јасна алтернатива за тоа однесување. Во овој случај, би рекла нешто како: „Не се удираме, рацете се за галење, за гушкање или за држење“, рече таа. – А, колку подолго трпиме и дозволуваме (детето) да удира, толку повеќе ја испраќаме пораката дека „тоа е во ред“, предупредува Шенон.

Ако детето продолжи да удира, дури и по пренасочувањето, терапевтот советува – родителот да се оддалечи од малечкото со што јасно ќе му покаже дека удирањето не е прифатливо.

Back to top button
Close