Советникот на Чулев во одбрана на Мицкоски: Јас побарав да ја отворат винаријата

оветникот на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, Љупчо Андоновски по распитот во полициска станица изјави дека тој побарал од сопствениците да ја отворат кафеаната на „Боемска“ за да седне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Дадов исказ пред колегите, објаснив како беше настанот. Жал ми е што толкаво медиумско внимание предизвика овој настан, има многу позначајни работи во државата, но за жал, интересно им беше дека сум бил на ручек со Мицкоски. Сакам да кажам дека јас се договорив со еден од сопствениците. Бидејќи не работеше винаријата, го замолив еден од газдите дали може да отвори и да седнеме со еден пријател. Тој не ни знаеше кој е. Кога виде дека е дојден Христијан Мицкоски, сопственикот не послужи со пијалок и поседивме околу час, час и половина. Потоа си заминавме, а сопственикот ја заклучи винаријата – рече Андоновски.

Тој ги демантираше тврдењата на пазарните инспектори кои се пожалија дека биле попречувани да извршат контрола во објектот.

повеќе

Back to top button
Close