Советот на јавни обвинители денеска избира в.д. државен јавен обвинител

Советот на јавни обвинители денеска треба да одржи седница на која ќе се определи вршител на должноста (в.д.) државен јавен обвинител. Ова доаѓа откако минатата недела Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка, само неколку часа пред Собранието да расправа за негово разрешување.
Според законот, вршителот на должноста се избира од редот на обвинителите во републичкото Јавно обвинителство. Меѓу потенцијалните кандидати се:
- Анита Тополова Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и Златко Биковски.
Вршителот на должноста ќе ја извршува функцијата најмногу шест месеци, односно до изборот на нов државен јавен обвинител преку собраниски оглас.






