Советот на Дебар ги ослободи бизнисмените од комуналната такса

Советот на општина Дебар на својата денешна седница донесе одлука за ослободување на бизнисмените во општина Дебар од коумуналната такса  поради состојбата со пандемијата .

Според претседателот на Советот Башким Машкули сртанува збор за ослободување од комуналната такса во траење од три месеци односно од 13 март до 13 јуни  кога фактички во  РС Македонија беше прогласена и вонредна сестојба поради вирусот Ковид 19 .  Претставници на бизнис секторот преку советниците искажаа задоволство од оваа одлука на советот .

Советниците на општина Дебар денеска ги условија е одлуките за давање на согласност за Годишните планови за вработување во 2о21 година и тоа во  локалната самуправа на општина Дебар, деветолетките ,,Пенестија,, и ,,Ристе Ристевски,, гимназијата ,,28 ноември ,, и градинката ,,Брешија ,,. Советниците од редовите на Алијансата за Албанците упатија критики на адреса на локалната власт која ја има ДУИ , за како што нагласија  дека не треба да има вработувања по партиска и пријателска  врска , како што тоа се случува сега .

К.М

Back to top button
Close