Советот на Европа ја повика Москва да обезбеди „одржливи хуманитарни коридори“

Советот на Европа, чувар на владеењето на правото на континентот, повика на воспоставување „одржливи хуманитарни коридори“ во Украина и ја повика Москва да стави крај на „невидената репресија“ на слободата на изразување, јави дописникот на МИА.

-Апелирам за договор за одржливи хуманитарни коридори, суштински за да се овозможи безбедно поминување на илјадници раселени луѓе кои бегаат од смртта и уништувањето, изјави Марија Пејчиновиќ Буриќ, генерален секретар на Советот на Европа во соопштението за печатот.

Back to top button
Close