Советот на Град Скопје ги задолжи Арсовска и ЈСП да достават информација за јавниот градски превоз во рок од седум дена

Советот на Град Скопје, на денешната 21 седница, со 22 гласа за донесе заклучок за задолжување на градоначалничката Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје да достават информации за јавниот градски превоз во рок од седум дена

 

.Според заклучокот, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и ЈСП, до Советот на Град Скопје, во рок од седум дена да достават информација за актуелната состојба во јавниот градски превоз, состојбата во ЈСП, како и на начинот на организација и реализација на јавниот градски превоз.

Back to top button
Close