Советот на Град Скопје одлучи: Од 1 март поевтин паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница даде согласност за одлуката на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Градски паркинг“ Скопје за намалување на цените за паркирање на паркинзите кои се под негова надлежност.

Тоа значи дека од 1 март ќе се плаќа поевтин паркинг.

Според одлуката предвидено е намалување на цените за зонско паркирање и тоа:

Во зона А0 цената се намалува од 100 на 75 денари за еден час;Во зона А цената се намалува од 50 на 40 денари за еден час;Во зона Б цената се намалува од 40 на 30 денари за еден час;Во зоните Ц и Д цената се намалува од 30 на 25 денари за еден час

 

 

Back to top button
Close