Советот на ЈО го разгледа и усвои годишниот извештај за Вишото ЈО Скопје за 2025, вкупно 45 проценти од решените пријави се без натамошно процесуирање во судот

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во 2025 година во седум предмети, против 39 физички и 20 правни лица, има поднесено барања за замрзнување на имот во вкупна вредност од 27 милиони евра, што споредено со претходната 2024 година, кога изнесува 5,7 милиони евра е поголемо за пет пати.
Постапките за овие предмети, како што беше посочено на разгледувањето на Годишниот извештај за работата на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители, се во тек.
Елаборирајќи го извештајот, шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази, изјави дека годинава имале повеќе кривични пријави од областа на економскиот криминал и високата корупција и затоа вредноста на замрзнатиот имот е пет пати поголема, споредено со претходната година кога обвинителството повеќе било насочено кон организирани криминални групи кои вршеле кривични дела убиства и дрога.
-Обвинителството можеме да заклучиме дека во 2025 година се соочи со зголемен број на пријавени сторители и со тоа зголемување на обемот на работа. Во специјализираното одделение се забележа промена во структурата на пријавени лица, па во 2025 година зголемен е бројот на пријавени лица во својство на царински службеници и припадници на затворска полиција, а за првпат имаме и пријавено правни лица. По однос на видот на кривични дела во 2025 имаме зголемен број на оформени предмети за кривично дело царинска измама, оддавање службена тајна и фалсификување исправа, секако како и коруптивните дела, примање поткуп и злоупотреба на службено овластување– изјави Абази.
Анализата, како што нагласи Абази, покажува дека вкупниот обем на работа е зголемен за 14 проценти во однос на 2024 година.
]
Абази, појасни дека иако во 2024 година имале 114 кривични пријави, а во 2025 година 89, по бројот на сторители опфатени со овие кривчни пријави има зголемување од 347 во 2024, на 522 лица во 2025.
-Со тоа и обемот на работа е многу поголем и посложен, имајќи предвид дека се работи за посложени предмети. Ние, како Обвинителство повеќе се фокусиравме на организирани групи и злосторничко здружување и затоа е имаме и поголема бројка – изјави Абази.
Во однос на предметите против лица со полициски овластувања и припадници на затворската полција, Абази рече дека во континутет се бележи раст од 128 кривични пријави против 324 лица во 2024, на 167 кривични пријави против 637 лица во 2025 година.






