Советот на општина  Струмица одлучи да го продаде службеното возило на градоначалникот: Парите ќе бидат инвестирани за младински културен центар

Советот на Општина Струмица, на предлог на градоначалникот Костадин Костадинов, денеска едногласно донесе одлука да се продаде службеното возило наменето за градоначалникот марка „шкода суберб“ набавено пред 4 години на лизинг.

Во одговорот што Костадинов го даде пред советниците истакна дека нема да се набавува нов автомобил, туку ќе го користи сопственото возило и за него нема да бара трошоци.

-Возилото ќе се продаде бидејќи не се користи и кога не се употребува цената може само да му падне. Од таа причина нема да набавиме возило за градоначалникот и доколку се утврди потреба за набавка на возило било да се работи за службите во општината, за јавните претпријатија, тогаш размислуваме за грижа за животната средина и во иднина ќе размислуваме за набавка на електрични возила, градски, за потребите на Општината. Средствата од продажбата на автомобилот планираме да ги употребиме за изработка на проект за младински културен центар и дел за потребите на Општината, рече градоначалникот Костадинов.

Back to top button
Close