Советот за безбедност на ОН ја осуди употребата на сила во Мјанмар.

– Советот за безбедност на ОН остро ја осуди употребата на сила против мирните демонстранти во Мјанмар и смртта на стотици цивили, вклучувајќи жени и деца, но ја отфрли заканата за можна акција против војската по пучот од 1 февруари.

Заедничката изјава предложена од Велика Британија беше поддржана од сите 15 членки на СБ, и по интензивните преговори што почнаа во средата попладне.

Во соопштението се изразува „длабока загриженост“ од наглото влошување на состојбата во Мјанмар и се повикува војската да оствари максимална воздржаност.

Нацрт-изјавата беше многу построга и предвидуваше понатамошни чекори, но по бројни консултации, постојниот текст беше усвоен.

Back to top button
Close