Советот за безбедност на ОН за утре закажа итна неформална средба за Белорусија

Советот за безбедност на ОН утре ќе одржи итен неформален состанок за Белорусија, земјата која е обвинета за пренасочувањето на  патнички авион на компанијата „Рајанер“ поради апсење на белоруски опозициски новинар во него, дознаваат дипломатски извори.

-Утре ќе одржиме состанок , изјави еден дипломат за француските медиуми, што го потврдија уште двајца дипломатски извори.

Средбата ќе се одржи виртуелно на барање на Франција, Ирска и Естонија, изјавија дипломатите.

Минск го пренасочи ирскиот патнички авион „Рајанер“ на неговата рута од Атина за Вилнус за да го уапси дисидентот кој беше меѓу патниците.

ЕУ ја осуди акцијата и вчера одлучи да го затвори европскиот воздушен простор за авионите од Белорусија и да го санкционира режимот на Александар Лукашенко

Back to top button
Close