Советот за безбедност во сабота ќе заседава дали ќе ја продолжи вонредната состојба

Советот за безбедност во сабота напладне ќе одлучува дали ќе биде продолжена вонредната состојба, која завршува ноќта. Од кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски потврдуваат дека седницата на Советот за безбедност е закажана за в сабота напладне.

По седницата, претседателот на државата ќе одлучи дали ќе објави нова вонредна состојба во државава или таа ќе биде прекината.

Одлуката за вонредната состојба ќе биде врз основа на аргументи поврзани со пандемијата со коронавирусот, а не со одржувањето на парламентарните избори, велат од кабинетот на претседателот.

Back to top button
Close