Советот за социјална сигурност усвои зголемување од 8,4 проценти на пензиите

Советот на социјална сигурност денеска на состанок усвои зголемување на пензиите. Просечната пензија од 17 666 денари се зголемува на 19 150 денари. Зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде за 8,4 проценти.

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека годинава, освен ова мартовско усогласување на пензиите, ќе следи уште едно во септември усогласено согласно трошоците за живот и порастот на просечната плата. За една календарска година, како што посочи, растот на пензиите ќе биде околу 16 проценти.

– Со покачувањата на пензиите што се случија лани во март и септември, заедно со ова покачување и тоа кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25 проценти што никогаш досега во историјата на државата се нема случено, рече Ковачевски на прес-конференција во Владата.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска посочи дека станува збор за нов начин на усогласување на пензиите при што покрај растот на трошоците на живот се зема предвид и растот на просечната плата.

 

Back to top button
Close