СП 2022: Франција ја победи Англија во четвртфиналето, Кејн промаши пенал

epa10360233 Olivier Giroud (L) of France celebrates with teammates after scoring the 2-1 lead during the FIFA World Cup 2022 quarter final soccer match between England and France at Al Bayt Stadium in Al Khor, Qatar, 10 December 2022. EPA-EFE/Ronald Wittek

Репрезентацијата на Франција вечерва ја совлада Англија со 2:1 во последниот натпревар од четвртфиналната фаза на Светското првенство во Катар.

Во првото полувреме, Французите го отворија резултатот по прецизен удар од далечина на играчот од средниот ред Орелиен Чуамени.

Во вториот дел Англичаните добија право на удар од белата точка, кој го реализираше напаѓачот Хари Кејн. За него овој гол беше 53-ти во кариерата во репрезентацијата, а се израмни со Вејн Руни во листата на најдобри стрелци во историјата на Англија.

Победата на Французите ја донесе најдобриот стрелец во историјата на француската репрезентација – Оливие Жиру.

На оваа средба Антоан Гризман направи две асистенции и стигна до рекордни 28 во историјата на „триколорите“.

Британците имаа шанса да го однесат мечот во продолженија, кога главниот судија на средбата по интервенција од ВАР собата досуди втор пенал против Французите. Кејн повторно го изведе пеналот, но овој пат ја промаши целта, испраќајќи ја топката преку голот.

Францускиот тим се пласираше во полуфиналето каде на 14 декември ќе игра со селекцијата на Мароко.

Back to top button
Close