СП атлетика: Три златни медали за Американците
На седмиот ден од Светското првенство во атлетика американските атлетичари освоија три златни медали во петте финални дисциплини. Комплетна доминација имаа во трките на 200 метри кај мажите и кај жените. Во машка конкуренција златото го освои Ноа Лајлс, кој патеката ја истрча за 19.52 секунди, додека кај жените најбрза беше Мелиса Џеферсон- Вуден со време 21.68 секунди.
Третото „американско злато“ го освои Раи Бенџамин, со триумфот на 400 метри со пречки. Тој патеката ја истрча за 46.52 секунди со најдобриот негов резултат сезонава. Во истата дисциплина кај жените најбрза беше Фемке Бол од Холандија, која патеката ја истрча за 51.54 секунда.
Во трискок кај мажите златниот медал му припадна на Португалецот Педро Пикардо, кој имаше три скок со должина 17.91 метри.