ЈСП демантира дека утринава се запалил автобус, излегувала пареа поради дефект

Лажна е веста дека автобус на ЈСП „Скопје“ утринава се запалил кај Бит-пазар, велат од Јавното сообраќајно претпријатие од каде што ги демантираат ваквите наводи кои претходно ги објави порталот „Скопје 1“.

Од претпријатието велат дека се случил дефект со конкретниот автобус, но дека во моментот на дефектот немало пожар, туку пареа која почнала да излегува како последица на скинато црево за антифриз.

„Во истиот момент кога се случил дефектот (скинато црево за антифриз), возачот реагирал исправно по што бил спремен и го извадил ПП-апаратот, но не го употребил.велат од ЈСП

Претпријатието ги оцени за тенденциозни намерите дека по скопските улици постојано има запалени автобуси

Back to top button
Close