СП: Македонската влада понудила „Француски предлог плус“ за одложено дејство на уставните измени. Во Брисел немало позитивен одзив

„Француски предлог плус“ е едно од решенијата што ги нуди македонската Влада за излез од ќор-сокакот во кој се најдовме на патот кон Европската Унија. Ова решение, според неофицијалните информации од МНР, предвидува одложено дејство на уставните измени, поточно нивно носење, со тоа што ќе стапат во сила на крајот од преговарачкиот процес, пренесе Слободен печат.

Токму оваа идеја ќе им биде понудена на европските соговорници во Брисел за време на посетата на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски што ќе се реализира на 18-ти и 19-ти овој месец.

Оваа идеја, како што велат од МНР, не е формален предлог, но повеќепати е кажувана јавно.

Во Брисел нема некаков позитивен одѕив и би рекол не се баш среќни од ваквите предлози од македонска страна. Но, да бидеме искрени, задоволни се што гледаат посветеност и проактивност од македонската Влада за да се излезе од сегашната ситуација. Добро е да се има конструктивни решенија – коментирале извори од Брисел за „Слободен печат“.

Повеќе

 

Back to top button
Close