ЈСП објави како ќе сообраќаат автобусите за време на празниците и зимскиот распуст

В сабота (31.12.2022 год), сите билетарници и центри за персонализација ќе работат до 17 часот, а на 1 и 2 јануари нема да работат

Возилата од јавниот превоз во сабота (31.12.2022 год.) ќе сообраќаат по саботен возен ред, а во недела (1.01.2023 год) по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред, информираат од ЈСП Скопје.

Во понеделник (02.01.2023 год) ќе се вози по неделен возен ред, со вообичаените термини на првите вклучувања на сите линии. Од вторник (3.01.2023 год) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, поради училиштниот зимски распуст, додаваат оттаму.

Жичарницата на 31.12.2022 год и 1.01.2023 год ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот. В понеделник (2.01.2023 год), нема да работи, бидејќи секој понеделник, како и секој последен вторник во месецот се врши редовен преглед на објектот, посочуваат од јавното сообраќајно претпријатие.

 

Back to top button
Close